Веста дека 12 европски гиганти ги игнорираа предупредувањата од УЕФА и ФИФА и формираа нова Суперлига направи вистински бум во фудбалот.
УЕФА во соопштението испрати јасно предупредување до сите кои ќе учествуваат, но тоа не ги спречи клубовите во нивната намера да се приклучат на новото натпреварување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Какви последици ќе остави тоа на европскиот и светски фудбал допрва треба да се види, а мислењето на поголемиот дел од јавноста е дека ова е лош потег.
Навивачите на Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Арсенал…веќе јавно изразија незадоволство.
Исто така англиските медиуми наведуваат дека премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон и министерот за култура на оваа земја, Оливер Доуден ќе спреми казни за клубовите кои ќе учествуваат во Суперлигата. Засега не е познато за какви казни станува збор.
Boris Johnson and Oliver Dowden tonight drawing up potential government enforced consequences for clubs if they go ahead — details in Playbook https://t.co/lMmkx4o4nQ
— Alex Wickham (@alexwickham) April 18, 2021