Дома Фудбал Германија Премиерлигашите покажуваат интерес за тренерот на Баерн Минхен

Премиерлигашите покажуваат интерес за тренерот на Баерн Минхен

За краткиот престој на клупата на Баерн Минхен тренерот Ханзи Флик веќе го привлече вниманието на други клубови, пренесува „Билд“.

Неговиот договор со Баварците истекува на лето, а раководството на клубот не сака да започне преговори за продожување на соработката до завршување на сезоната.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Флик го презеде тимот во ноември после отказот на Нико Ковач, првично како приверемено решение, но потоа клубот реши да го задржи до крајот на сезоната.

Баерн покажува одлични игри и резултати под водство на Флик, па раководството сака да виде како ќе се справи во Лигата на шампиони, за да му понуди долгорочен договор.

„Билд“ открива дека Флик сигурно повеќе не сака да биде асистент и дека ќе започна самостојна кариера, а покрај германските, за него интерес покажуваат и некои англиски клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Ваква сцена не се памети: 50.000 навивачи натераа Нагелсман да внесе во игра еден човек!

Во пријателски натпревар, Германија ја совлада Гана со резултат од 2:1, а победата за Герм…