Дома Фудбал Англија Премиер лигата ќе дозволи пет замени по натпревар

Премиер лигата ќе дозволи пет замени по натпревар

Раководството на Премиер лигата е подготвено да им овозможи на клубовите да направат пет замени во натпреварите по продолжувањето на сезоната, тврдат медиумите на Островот.

Постојат стравувања дека играчите нема да бидат во најдобра физичка состојба, што ќе го зголеми ризикот од повреди.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Исто така, веројатно е дека ќе се одржат по два натпревара неделно. Претходно, пет замени беа направени во натпревари како привремена мерка предложена од ФИФА.

Сличен предлог во Италија даде тренерот на Сампдорија, Клаудио Раниери. Доколку биде одобрено, клубовите од Премиер лигата сами ќе одлучат дали сакаат да го користат.

Англиските медиуми денес пишуваат дека новата сезона би можела да започна на 1. јуни и сите преостанати натпревари да се одиграат само во шест недели и тоа без публика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фердинанд жестоко удри по навивачите на Арсенал: Треба да се засрамите!

Нони Мадуеке е на работ од трансфер од Челси во Арсенал, но некои обожаватели на Арсенал н…