Здружението на англиски фудбалски судии го суспендираше прволигашкиот судија Дејвид Кут (42) откако на социјалните мрежи се појави видео во кое тој ги навредува Ливерпул и поранешниот тренер Јирген Клоп.
На видеото се гледа дека Кут користи погрдни зборови за Ливерпул и германскиот стратег Не е јасно кога е снимено видеото и нејзината автентичност.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Снимката е можеби направена по контроверзното реми меѓу Ливерпул и Барнли во 2020 година (1-1). Истрагата треба да утврди дали видеото е автентично или е можно да е креирано со помош на вештачка интелигенција.
Premier League referee David Coote calling Liverpool “Sh*t” and Jurgen Klopp a “C*nt”😬😳 pic.twitter.com/1W3fQmnFWO
— The 44 ⚽️ (@The_Forty_Four) November 11, 2024