Дома Фудбал Англија Пред неколку дена ќе го тепаше, а сега Конте го брани Мурињо!

Пред неколку дена ќе го тепаше, а сега Конте го брани Мурињо!

Жозе Мурињо крена голема прашина на Островот со изјавата со кој го критикуваше неговиот претходни Луј ван Гал и неговата лоша трансфер политика.

Мурињо истакна дека тој никогаш не би продал играчи како Анхел Ди Марија, Чичарито и Дени Велбек, но англиските медиуми веднаш го потсетија на продажбите на Кевин де Брујн и Ромелу Лукаку.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Уште по интересно во целата приказна е што во одбрана на „Специјалниот“ застана Антонио Конте, иако двајцата само пред неколку дена имаа жесока расправија.

„Тешко е постојано да носите прави одлуки. Понекогаш мислите едно а во иднина се случува нешто сосема друго. Не е се толку едноставно во фудбалот за секогаш да правите точни проценки на сите играчи“, вели Конте.

„Понекогаш се случува играч да не игра на потребното ниво една или две сезони, но потоа да биде фантастичен“, додаде италијанскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Неверојатно: Нејмар во ПСЖ добивал по 200.000 евра за аплаудирање на навивачите

Иако поминаа седум години трансферот на Нејмар од ПСЖ во Барселона се уште знае да биде те…