Дома Фудбал Лига на шампиони Пред 10 години се сликаше со Меси, а утре ќе игра против него

Пред 10 години се сликаше со Меси, а утре ќе игра против него

bergwin

Фудбалерите на Барселона утре на домашен терен ќе играат против ПСВ во рамките од првото коло во групната фаза во новата сезона во Лигата на шампионите.

Каталонскиот клуб зад себе има три сезони без поголем успех во најелитното европско натпреварување и оваа сезона конечно сакаат да дојдат до самиот крај. Новата сезона ја започнуваат утре на „Ноу Камп“ кога избраниците на Валверде ќе играа против ПСВ.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Овој натпревар ќе биде посебен за еден играч на холандскиот клуб, а тоа Стивен Бергвин. Овој фудбалер пред 10 години имаше прилика да го запознае Лионел Меси и да се слика со него, а утре ќе игра против својот идол.

„Тоа беше во 2008 година после победата на Барселона над Леванте од 5:1, со семјството бев на тој натпревар. Во екипата која ја водеше Франк Рајкард играа Чави, Иниеста, Роналдињо и секако Меси со кого имав среќа да се сретнам таа вечер. Спиевме во ист хотел и бев во собата за видео игри со мојот брат. Тогаш дојде Меси заедно со уште неколку играчи, имавме прилика да зборуваме со нив. Неверојатно што сега десет години подоцна ќе играм против него“, изјави Бергвин.

mesi bergwin

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…