Дома Фудбал Англија Пред 10 години се одигра еден од најдобрите натпревари во историјата на Премиер лигата (ВИДЕО)

Пред 10 години се одигра еден од најдобрите натпревари во историјата на Премиер лигата (ВИДЕО)

На денешен ден пред 10 години на „Енфилд“ беше одигран еден од најдобрите натпревари во историјата на Премиер лигата.

Ливерпул и Арсенал тогаш се соочија, а на тој натпревар беа видени дури осум погодоци и на крајот резултатот беше 4:4.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Не беше тоа само спекткал на сезоната, туку на целата денеција, а и денес се смета за еден од најдобрите натпревари.
Многумина можеби не се сеќаваат, но тогаш Андреј Аршавин имаше свое гол шоу.

Започна со неговиот гол во 39-тата минута, Торес изедначи во 49-тата. Бенајун погоди за пресврт на Ливерпул, но Аршавин во 67-та ги врати работите на почетокот.

Аршавин во 70-тата минута стигна до хет-трик, Торес со нов гол изедначи на 3:3, а во завршницата видовме уште два гол. Четврт гол на натпреварот постигна Аршавин, а Бенајун ги постави конечните 4:4.

https://youtu.be/ZNGer5IASlw

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ново засилување за Челси – пристигна француски репрезентативец!

Eкипата на Челси го потврди трансферот на Мамаду Сар од Лига 1 екипата РЦ Стразбур, при шт…