Дома Луд Спорт Пред 10 години перел садови во ресторан, денес е најскап дефанзивец во светот!

Пред 10 години перел садови во ресторан, денес е најскап дефанзивец во светот!

Новото засилување на Ливерпул, Вирџил ван Дајк неодамна стана најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот, но морал да мине трновит пат за да стигне до ѕвездите.

Холандскиот дефанзивец моментално заработува 10 милиони евра по сезона, но пред само 10 години перел садови во својот роден град Бреда за да заработува.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Од таа позиција напредувал во помошник на кујната, а како што пишуваат британските медиуми, бил добар во тоа, па неговите менаџери го молеле да се откаже од фудбалот за да стане кувар.

За среќа Ван Дајк не ги послушал што се покажа како најдобра одлука во неговиот живот.
Новинарите го пронајдоа сопственикот на ресторанот Жак Липс и му соопштија за трансферот вреден 75 милиони фунти.

„75 милиони фунти? Тоа е луда цифра. Беше добар работник, доаѓаше во деновите кога имаше најмногу гужва да помага. Отсекогаш сакаше да биде фудбалер. Одличен дечко е. Неговото име и бројот на телефон се во нашиот бележник“, изјави тој.

Ван Дајк кариерата ја започна во Бреда, од каде што премина во Вилем Втори. Играше и за Гронинген, Селтик и Саутемптон пред да стане најплатениот дефанзивец со трансферот во Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

ВАР судија се обложуваше среде натпревар📷

Скандалозна ситуациа пристигнува од Бугарија од натпреварот помеѓу ЦСКА и Локомотив Софија…