Дома Останати Пред 10 години никој не го сакаше, а вчера беше херој во Суперболот: Го живеам својот сон!

Пред 10 години никој не го сакаше, а вчера беше херој во Суперболот: Го живеам својот сон!

Во еден чуден Супербол екипата на Њу Енгладн Патриотс во финалето го победи Лос Анџелес Рамс со 13:3.

Човекот кој ја направи разликата во овој натпревар беше Џулијан Еделман кој фати дури десет топки додека нападот на неговиот тим се мачеше. Еделман на крајот заслужено беше прогласен за играч на мечот. Вакво нешто тој пред десет години не можеше ниту да сонува дека ќе се случи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Еделман стартер на Патриотс стана во 2013 година откако неколку години претходно овој тим го избра како 27-пик во седмата рунда на драфтот. Многумина за него зборуваа дека нема да има НФЛ кариера и дека никогаш нема да може да игра на нивото кое е потребно за ова натпреварување. Меѓутоа десет години подоцна Еделман стигна до третата титула и беше прогласен за играч на натпреварот.

Во младинските денови играше како кватербек и немаше завидни настапи. Кога Патриотси одлучија да тренираат го ставија на позицијата „фаќач“ што беше изненадување за сите. Но, неговите физички предиспозиции на оваа позиција дојдоа до израз и овој потег на неговиот клуб се покажа како полн погодок.

„Тешко ми е да сфатам дека ова не е само сон. Го живеам мојот сон и се изгледа реално. Верувам дека сето ова се случува со причина и од мали нозе научив дека секогаш треба да се работи максимално и дека еден ден тоа ќе ти се исплати. Сега сакам да одморам, па потоа да се спремам за наредната сезона“, изјави Еделман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Македонското знаме се развеа во Милано и Кортина (Видео)

Вечерва беа отворени Зимските Олимписки игри во Милано и Кортина на кои ќе учествува и Мак…