Главна цел на Ливерпул за следната сезона ќе биде доведување на врвен голман, а најголема желба е голманот на Рома, Алисон.
„Скај Спорт“ пренесува дека „црвените“ веќе започнале преговори со Рома кои се во напредна фаза. Меѓутоа, анлискиот клуб сака да ја победи конкуренцијата и што е можно побрзо да го добие потписот на 26-годишниот голман.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Алисон оваа сезона се етаблираше како еден од најдобрите голмани во Серија А, па покрај Ливерпул за него инетрес покажуваат уште неколку европски гиганти, меѓу кои и ПСЖ.
Рома не сака да го пушти Алисанон и се ободува да го убеди да потпише нов договор, во кој ќе има висока откупна клаузула.
„Волчицата“ за неговата слобода бара 70 милиони евра, сума која Ливерпул не е спремен да ја плати, но се надева дека ќе успее да ја намали цената преку преговори.
Liverpool are trying to sign Roma goalkeeper Alisson ahead of the summer, @SkySportsNews understands. More here: https://t.co/paMfoq0Q7z pic.twitter.com/ZIvpGfFuIH
— Sky Sports PL (@SkySportsPL) February 16, 2018