Дома Топ вести Преговорите започнаа: Јувентус ја сака ѕвездата на Бенфика

Преговорите започнаа: Јувентус ја сака ѕвездата на Бенфика

Италијанскиот шампион Јувентус е силно заинтересиран за дефанзивецот на Бенфика, Рубен Дијаз, пренесуваат медиумите на Апенините.

„Старата дама“ се спрема за „реновирање“ на одбраната на лето и Рубен Дијаз ќе биде еден од приоритетите во летниот преоден рок.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барзаљи ја игра последната сезона, Киелини е во зрели години, а Ругани не ги оправда очекувањата, па Јувентус му бара идеален партнер на Бонучи во срцето на одбраната.

Прва опција е Матијас де Лихт, но капитенот на Ајакс во моментов е поблиску до Барселона, па „бјанконерите“ се насочиле кон талентот на Бенфика.

21-годишниот португалски репрезентативец важи за еден од најперспективните стопери во Европа. „Тутоспорт“ пренесува дека спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи веќе остварил првичен контакт со раководството на Бенфика.

Дијаз има откупна клаузула од 70 милиони евра, а „бјанконерите“ се спремни да понудат 30 милиони плус во Лисабон да го испратат Марко Пјаца. Бенфика е силно заинтересирана за Хрватот, па преговорите ќе продолжат и во наредните недели.

Во преговорите помеѓу двата клуба Јувентус покажал интерес и за другата ѕвезда на Бефика, Жоао Феликс, но за него конкуренцијата ќе биде жестока.

Феликс важи за голем „бисер“ на европскиот фудбал и има откупна клаузула од 120 милиони евра, а за него се заинтересирани најголемите европски клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…