Францускиот весник „Л’Екип“ пренесува дека Арсенал отвора нови преговори со ПСЖ за доведување на Јулијан Дракслер.
Планот е Венгер да се обиде да го доведе Дракслер на позајмица од шест месеци, но со прво на откуп. Во тој временски период Венгер смета дека би добил вистинска слика за тоа дали Дракслер вистинската замена за Алексис Санчез кој најверојатно ќе го напушти Лондон.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, останува и отворена можност ПСЖ да го пушти Дракслер без поголеми проблеми доколку успее да го убеди Санчез да направи трансфер во Париз.
Да потсетиме, оваа тема е актуелна уште од летото, кога ПСЖ имаше намера да го доведе Алексис, но во меѓувреме пристигнаа Килијан Мбапе и Нејмар, па овој трансфер беше ставен на „чекање“. Со оглед на тоа дека договорот на Санчез истекува наредното лето ПСЖ со Чилеанецот би можел да отвори преговори веќе во јануари, секако доколку не го продолжи договорот со Арсенал.
Сепак, што и да се случува со Санчез, Венгер сака да се обиде со Дракслер.
Тоа значи дека Венгер по втор пат во својата кариера го отвара поглавјето „Дркаслер“, бидејќи веќе имаше неуспешен обид во 2015 година. Тогаш Дракслер настапуваше за Шалке и беше на чекор од доаѓање во Арсенал, но двете страни не успеаа да се договорат за оштета. Место во Арсенал, Дракслер тогаш премина во Волфсбург за сума од 43 милиони евра, а минатата зима премина во Париз за три милиони евра помалку.