Фудбалерот на Манчестер Сити, Александар Коларов, би можел да се врати во Рим.
Познато е дека српскиот фудбалер своевремно го носеше дресот на Лацио каде што помина три сезони, пред да се пресели во Англија, сега интерес за неговите услуги покажува големиот градски ривал на Лацио, екипата на Рома.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сепак, Коларов не е прва мета на „Волчицата“, како приоритети на Мончи се наведуваат Џереми Тољан од Хофенхајм, како и младиот репрезентативец на Италија Антонио Береки.
Но, иако Коларов не е прва опција, наводно Мончи веќе одржал состанок со неговиот агент.
Доколку овој трансфер биде реализиран сигурно дека Коларов нема да има „топло“ добредојде од навивачите на Лацио.