Добри вести пристигнуваат од Англија.
После судирот со Дани Карвахал, Лук Шо заврши на земја. Падот беше навистина страшен, а веднаш реагираше и медицинскиот тим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Многумина сигурно стравуваа за здравјето на фудбалерот на Манчестер Јунајтед кој во својата кариера веќе имаше проблеми со тешка повреда кога ја скрши ногата во натпревар против ПСВ во Лигата на шампионите.
Сеапк, сега за среќа изгледа добро поминал.
Првите информации за неговата состојба се позитивни. Како што пишуваат англиските медиуми, Лук Шо е свесен и веќе им испратил порака дека е добро на сите кои биле загрижени за неговото здравје.
После информациите од медиумите со соопштение излезе и Фудбалската асоцијација на Англија.
„Лук Шо е свесен, во состојба е да оди и зборува. Добива третман од докторите, но вестите се добри“, стои во соопштението од ФА.
Encouraging news regarding Luke Shaw.
He is conscious and talking, following his nasty-looking collision with Carvajal.
More ➡ https://t.co/pO8QYdTbjF. #ENGESP pic.twitter.com/0xqNeYetug
— BBC 5 Live Sport (@5liveSport) September 8, 2018