Екипите на „Полициска станица Прилеп“ и „Коњска сила“ синоќа го отворија традиционалниот турнир во мал фудбал „Свети Никола“,што го организираат Општина Прилеп, компанијата Комфи Ангел и „Локалниот спортски сојуз- Прилеп“.
На турнирот ќе настапат 43 екипи. Од нив 33 екипи се во сениорска категорија, 11 екипи ќе бидат пионери и 9 ветерани. Во најсилната категорија, сениори, има учесници од Скопје, Битола, Гостивар, Велес, Богданци и Охрид. Сениорите ќе се натпреваруваат за награден фонд од 160.000 денари, обезбедени како награда за првото место. Второпласираните добиваат награда од 90.000 денари, а за третото место се обезбедени 60.000 денари.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Резултатите од вчерашните натпревари:
 16.30 часот П.С.-Прилеп – Коњска сила 3:1
 17.20 часот Мулти Фикс – Скара Балче 4:3
 18.10 часот Теа-Андреа – Теко солар 1:3
 19.00 часот Буларт Констракшн – Мит Карнем 8:3
 19.50 часот Ковалски Теракота – Инфинити 3:0
 20.40 часот Витаминка–Центар за возила Прва Прилеп 3:0
 21.30 часот Сливница – ФК „Црнилиште“ 6:1
Распоред за денес:
 Ветерани
 16.30 часот ОМР Прилеп – Комфи Ангел
 17.20 часот Изофас – Стари Волци
 18.10 часот Портал –Електро елементи-Паркетар Горан
 Сениори
 19.00 часот Црна Река – Портал
 19.50 часот Тргачо – ФК Големо Коњари
 20.40 часот Ресторан Т’га за Југ – Мермерен комбинат
 21.30 часот Марфил – Стипта Комерц