Дома Топ вести Почина уругвајскиот фудбалер кој колабираше на теренот минатата недела

Почина уругвајскиот фудбалер кој колабираше на теренот минатата недела

Уругвајскиот фудбалер Хуан Изкиердо (27) почина во болница откако колабираше на теренот минатата недела.

Дефанзивецот на уругвајската репрезентација колабираше за време на натпреварот од Копа Либертадорес против Сао Паоло во Бразил.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Изкиердо колабирал во 84. минута, а откако лекарите му укажале прва помош на теренот, итно бил префрлен во локалната болница.

Таму беше задржан до вторник. На почетокот се чинеше дека ќе се спаси, но состојбата му се влоши и трагично почина. За време на натпреварот тој доживеал срцева аритмија, поради што не му стигнувал доволно кислород во мозокот. Состојбата се влошила и лекарите не можеле да ја спречат неговата прерана смрт, пишува ESPN.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

На Кансело му доаѓа крајот во Барселона и веќе се нуди на нов клуб

Жоао Кансело зимава пристигна како неочекувано засилување за Барселона, но иако игра доста…