Од Реал Мадрид соопштија тажна вест дека починал една од најголемите легенди на клубот, Енрике Перес – Пачин.
„Реал Мадрид, претседателот и бордот на директори се погодени од смртта на Енрике Перес – Пачин, кој е една од најголемите легенди и кој го носеше дресот помеѓу 1959 и 1968 година. Реал изразува сочуство кон сопругата Мерседес, ќерките и внуците, како и кон сите негови блиски“.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Пичин за време на 9-те сезони поминати во клубот одигра 218 меча и освои 2 титули во Купот на европските шампиони, 7 титули во Шпанија и 1 Куп на Шпанија. Пичин почина на 82 години.
Official Announcement: passing of Enrique Pérez 'Pachín'. #RealMadrid
— Real Madrid C.F. 🇬🇧🇺🇸 (@realmadriden) February 10, 2021