Дома Фудбал Англија Почина англиската фудбалска легенда Џек Чарлтон

Почина англиската фудбалска легенда Џек Чарлтон

Англискиот фудбал денес загуби легенда, фудбалер кој ја испиша историјата и стана светски шампион со Англија во далечната 1966 година.

Џек Чарлтон, поранешниот играч на Лидс и Англија кој играше како дефанзивец, почина на 85-годишна возраст.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тој целата своја кариера ја мина во Лидс, одигрува 773 натпревари.

Како тренер работеше во Шефилд, Мидлсброу, Њукасл и како селектор на Република Ирска.

Тој заедно со неговиот исто така славен брат Боби Чарлтон беше дел од англиската репрезентација која триумфира на Светското првенство во 1966 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Салах навистина сакаше да замине од „Енфилд“: Познато од колку пари се откажа за да го направи тоа

Мохамед Салах и официјално го напушта Ливерпул на крајот од сезоната, со што завршува една…