Дома Фудбал Останато Пофалби за Пандев од сите страни: Гоче во одбрано друштво со Ортега и Тоти

Пофалби за Пандев од сите страни: Гоче во одбрано друштво со Ортега и Тоти

Неодамна Аргентинецот Николас Спиоли објави крај на неговата фудбалска кариера како играч и тој нема дилеми кои се најдобрите играчи со кои играл.

Спиоли пред две недели се пензионираше, а на неговата кратка листа се најде македонскиот капитен Горан Пандев. Покрај Пандев на кратката листа на Спиоли се најдоа Франческо Тоти и Ариел Ортега.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Пандев со Спиоли играше две сезони и очигледно за тој период успеал да остави супер впечаток кај Спиоли кој добро ги увидел квалитетите на нашиот капитен.

Со Тоти помина една сезона кога беше позамен во Рома, додека со Ортега играше во Њу Олд Бојс.

Најголемиот дел од кариерата тој го помина во Италија, а се пензионираше во дресот на Кротоне.

Пофалби за Пандев денес испрати и поранешниот македонски репрезентативец, Марио Ѓуровски – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Премиерот на Обединетото Кралство го повика Абрамович да ги ослободи парите од продажбата на Челси, за да бидат донирани на Украина.

Премиерот на Обединетото Кралство, сер Кир Стармер, го предупреди Роман Абрамович дека „вр…