Како и што беше најавено, Вардар денеска го потпиша договорот со новиот спонзор „Новоматик“.
Договорот кој го потпишаа двете страни е на една година, но со најава дека во иднина може да дојде до продолжување.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
„Ова е посебен момент за нас кој предивикува многу емоции, ова го чекавме долго време. Целиот труд кој го имавме во изминатиот период наиде на препознавање, горд сум, бидејќи Вардар има светла иднина. Ваквите моменти немавме навика да ги гледаме досега, потпишуваме договор за главно спонзорство, токму ова ни требаше. Да влезе ваква компанија која ќе биде тригер и за други копании.
Ова ни е важно бидејќи се случува на стартот од сезоната, бидејќи утре тргнуваме на подготовки. Да кажам со речникот на спонзорот ние влеговме ол-ин во овој проект и на крајот победивме. Ова е победа за Вардар, Новоматик и сите оние кои беа и се дел од клубот. Вардар повторно се враќа на големата сцена, Вардар е најголем бренд македонски, се надеваме дека за брзо време ќе биде и најголем амбасадор надвор од границите на Македонија“, изјави Миленковски.
Во управата „Новоматик“ ќе има свои луѓе кои ќе ја следат работата на клубот.