Дома Македонски спорт Потврдено: Против Словенија ќе играме без Хасани

Потврдено: Против Словенија ќе играме без Хасани

Репрезентативецот на Македонија Ферхан Хасани нема да биде во комбинација за настап во недела против Словенија.

Хасани заработи повреда во вчерашниот натпревар против Летонија кој нашата селекција го доби со 3:1.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Како што се соопштува на официјалниот сајт на ФФМ фудбалерот има скинато мускулно влакно и нема да биде во можност да и помогне на репрезентацијата во Љубаљана.

Селекторот Игор Ангеловски нема да повикува нов фудбалер на негово место.

Натпреварот во второто коло од квалификациите за Европското првенство во 2020 го играме на 24 март во недела со почеток од 20:45 часот.

Словенија во вчерашниот натпревар ремизираше против Израел на гости 1:1.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Џексон за преселбата во Баерн: Беа тешки денови, сакав само тука!

Фудбалерот од Сенегал, Николас Џексон, денес изјави дека последните денови од трансфер пер…