Арсенал го победи Баерн Минхен во трката за талентираниот фудбалер!
Поранешниот скаут на Борусија Дортмунд, Свен Мислинтат успеа да победи во трката за талентираниот дефанзивец на Фрајбург, Чаглар Сојунчун.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Одличниот млад дефанзивец ја прифатил понудата од Арсенал и ќе пристигне на „Емирати“ кон почетокот на јули.
Ваквата информација беше потврдена од претседателот на германскиот клуб кој додаде дека Чаглар сам го избрал Арсенал, најмногу благодарение на Мислинтат.
Ова момче се смета за еден од најталентираните централни дефанзивци во Европа, има 21 годинa, а собра и девет настапи за репрезентацијата на Турција.