Селекторот на шпанската репрезентација Хулен Лопетеги ги знае имињата на 19 од вкупно 23 фудбалери кои ќе земат учество на Светското првенство во Русија.
Синоќа „црвената фурија“ ја декласираше Аргентина со 6:1 во Мадрид во пријателски натпревар и даде до знаење дека ќе биде еден од фаворитите за освојување на Мундијалот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Меѓу избраниците на Лопетеги се Давид де Геа, Пепе Реина, Кепа, Даниел Карвахал, Серхио Рамос, Жерард Пике, Начо Фернандез, Жорди Алба, Серхио Бускетс, Коке, Андрес Иниеста, Тиаго Алкантара, Саул Нигес, Давид Силва, Иско, Марко Асенсио, Јаго Аспас, Диего Кошта и Алваро Мората.
Според ова, во шпанската репрезентација има само слободни места, а за последните четворица патници Лопатреги ќе одлучи после последниот пријателски натпревар.
На 3 јуни Шпанија ќе игра контролен натпревар со Швајцарија во Виљареал, а на Мундијалот „црвената фурија“ е во група со Иран, Мароко и Португалија.