Дома Фудбал Италија Потврдено: Мусакио е првото засилување за „росонерите“!

Потврдено: Мусакио е првото засилување за „росонерите“!

Иако сезоната во Италија сеуште не е завршена, управата на Милан веќе го договори првото засилување.

„Росонерите“ доведоа големо засилување во одбраната бидејќи од Виљареал пристигна Матео Мусакио. Претседателот на шпанскиот клуб, Фернандо Роинг, потврди дека овој фудбалер утрово пристигнал во Милано на лекарски прегледи.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Како што наведуваат италијанските медиуми, Мусакио со „Росонерите“ ќе потпише договор на четири години, а Милан за овој 26 годишен фудбалер ќе плати 18 милиони евра. Мусакио во новиот клуб ќе заработува 2.5 милиони евра по сезона.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Не го избрал случајно! Познато зошто Валверде жестоко го нападна играчот на Атлетико (Видео)

Реал Мадрид синоќа во градското дерби го совлада Атлетико со 3:2, а главната тема беше црв…