Нигериецот, Виктор Осимен кариерата ќе ја продолжи во редовите на Ал Ахли.
Италијанскиот инсајдер, Фабрицио Романо утрово објави дека Наполи и Ал Ахли се договориле за трансфер вреден помеѓу 75 и 80 милиони евра плус бонуси. Осимен во Ал Ахли ќе добие плата каква што не можеше да му понуди ниту еден европски клуб.
Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓
Тој ќе стави потпис за четиригодишен договр според кој ќе добива помеѓу 25 и 30 милиони евра годишно. За него најважно е што има откупна клазула во случај да сака да се врати во Европа.
Минатата сезона Ал Ахли во првенството заврши на третото место зад Ал Хилал и Ал Нас. Во овој клуб веќе играат: Фирмино, Марез, Кеси, Демирал…