Голманот Владимир Стојковиќ дефинитивно го напушта Партизан.
Поранешниот репрезентативец на Србија кариерата ќе ја продолжи во екипата на Ал Феих бидејќи ја прифати понудата од овој клуб кој од клупата го предводи Вук Рашовиќ.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Капитенот на Партизан утре треба да го комплетира својот трансфер во Саудиска Арабија.
Трансферот како што прнесуваат српските медиуми бил договорен на вчерашниот натпревар на Партизан со Дунајск Стред. Овој натпревар го следеле Вук Рашовиќ и неговиот помошник Љубиша Ранковиќ во друштво на спортскиот директор на Ал Феих. Така тој натпревар е и последен за Стојковиќ во дресот на Партизан.