Фиорентина и Реал Мадрид постигнаа договор за трансфер на српскиот напаѓач, Лука Јовиќ, пренесоа медиумите на Апенините.
Постигнат е комплетен договор и Јовиќ следната сезона ќе ја помине на позајмица во Серија А.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Фиорентина ќе ја плаќа половината од неговата плата, односно 3 милиони евра, а останатата половина ќе ја плаќа Реал Мадрид.
Јовиќ во 2019 година потпиша за „кралевите“ во трансферот од Ајнтрахт Франкфурт, но се покажа како големо разочарување и едно од најлошите засилувања во историјата на Реал.
Јовиќ смета дека Фиорентина е идеален клуб каде ќе ја „оживее“ својата кариера, после неуспешните сезони во Реал Мадрид.