Дома Топ вести Постигнат договор, Лукаку пристигнува во Милано

Постигнат договор, Лукаку пристигнува во Милано

Ромелу Лукаку е пред враќање во Интер и следната недела треба да пристигне во Милано на лекарски прегледи, пренесува „Газета дело Спорт“.

Лукаку после лошата сезона на „Стенфорд Бриџ“ и недоразбирањата со тренерот Тухел инсистира да се врати во Интер, а Челзи се согласи да го пушти на позајмица.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Италијанските медиуми пренесуваат дека двата клуба се блиску до договор и Интер ќе плати 10 милиони евра за едногодишна позајмица.

Челзи така ќе се ослободи од високата плата на Лукаку, додека Белгиецот е спремен значително да ја намали платата само да се врати во Интер.

Интер е блиску до договор и со Дибала, кој треба да пристигне како слободен агент и најверојатно ќе биде партнер во нападот на Лукаку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…