Дома Топ вести Постигнат договор: Ешли Јанг утре доаѓа во Милано!

Постигнат договор: Ешли Јанг утре доаѓа во Милано!

Интер и Манчестер Јунајтед конечно постигнаа договор за трансфер на Ешли Јанг, кој се очекува во текот на утрешниот ден да пристигне во Милано.

Договорот на Ешли Јанг со Манчестер Јунајтед завршува на крајот на сезоната и тој одби да ја продолжи соработката со „црвените ѓаволи“ бидејќи веќе има договор со Интер.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Нероаѕурите“ го сакаа играчот веднаш и долго време преговараа со Манчестер Јунајтед, а денес конечно е постигнат договор.

Интер на Јунајтед ќе му плати симболични 1,5 милиони евра, а Ешли Јанг утре ќе пристигне на лекарски прегледи во Милано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…