Дома Фудбал Италија ПОСТИГНАТ ДОГОВОР: Анчелоти се враќа во Италија, ќе го предводи Наполи

ПОСТИГНАТ ДОГОВОР: Анчелоти се враќа во Италија, ќе го предводи Наполи

Италијанските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Карло Анчелоти се враќа во Серија А и дека веќе постигнал договор со Наполи.

Анчелоти ја одби понудата од италијанската репрезентација бидејќи негова желба е да предводи клуб, а „CalcioNapoli24“ ексклузивно пренесува дека постигнал договор со Наполи.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Имено, „Карлето“ имал средба со претседателот Де Лаурентис на која биле договорени сите детали од соработката, а потписот на договорот ќе биде ставен следната недела.

Клубот следната недела би требало да се раздели со Маурицио Сари, а медиумот пренесува дека Анчелоти на 21-ви мај ќе потпише двегодишен договор со Наполи.

Ова за Анчелоти ќе биде враќање во Италија од каде замина во 2009 година, кога го предводеше Милан.

Мисијата на Наполи и Анчелоти е јасна, да се стави крај на доминацијата на Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ремек дело на Деклан Рајс (видео)

Во второто полувреме, Арсенал го декласираше Реал Мадрид со три гола за само неколку минут…