Дома Трансфер зона Постигна 89 погодоци, го сака „половина“ Премиер лига, а тој го избира Челзи?

Постигна 89 погодоци, го сака „половина“ Премиер лига, а тој го избира Челзи?

„Сините“ се најблиску дo доведување на фудбалерот за кого интерес покажа „половина“ Премиер лига.

Иако има само 14 години, Ел Вахи е вистинска машина за постигнување на погодоци. Тој настапува за тимот до 17 години на Каен, а минатиот викенд постигна два против тимот на ПСЖ.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вахи во Франција веќе го доби прекарот „помладиот брат на Нголо Канте“, иако нивните улоги на теренот не се ниту приближно еднакви. Тие го поврзуваат Вахи со Канте бидејќи и двајцата кариерата ја започнаа во локалниот аматерски клуб, Сирен.

Тој после натпреварот против јуниорите на ПСЖ, изјави дека играл повреден и дека може далеку подобро, како и дека постигнувањето погодоци за него е опсесија.

Минатата сезона постигна дури 89 погодоци и поради тоа на себе го сврте вниманието на бројни европски клубови.

Свесни за неговите досегашни способности бројни тимови од Премиер лигата се обидуваат да го доведат, Ливерпул, Тотенхем, Саутемптон, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, но Челзи во овој момент изгледа е најблиску до 14 годишниот напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…