Дома Фудбал Останато Поставил неприфатливи услови: Откриено зошто Конте не пристигна во Реал

Поставил неприфатливи услови: Откриено зошто Конте не пристигна во Реал

Јулиен Лопетеги си замина од Реал Мадрид, а него го наследи Сантијаго Солари кој засега е тука како привремено решение.

За клупата на Реал Мадрид дого време за фаворит важеше Италијанецот, Антонио Конте. Медиумите во Шпанија скоро и да беа убедени дека Конте ќе го превземе гигантот од Мадрид.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Сепак, тоа не се случи. Сега поранешниот претседател на клубот, Рамон Калдерон од свои извори открива зошто не дошло до договор на релација Конте – Реал.

Според Калдерон Конте барал да донесе свои луѓе во клубот и тригодишен договор, но и да биде главен кога се трансферите во прашање. Знаејќи како работи Перез, ова последното веројатно бил најголемиот проблем.

„Колку што знам Конте барал договор на три години. Покрај тоа сакал да донесе свои пет луѓе кои ќе бидат негови соработници, а сакал да биде и главен во доведувањето и заминувањето на играчите. Сето ова било премногу и неприфатливо за Перез“, изјави Калдерон кој потоа потенцираше дека според него Конте не е тренер за Реал.

„Конте не е тренер за Реал Мадрид, тој е како Жозе Мурињо, премногу е дефанзивен“, заврши поранешниот прв човек на „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Уште во март го имаме добитникот на „Златната топка“ – и тоа фудбалер кој никој не го очекуваше!?

Највозбудливиот дел од календарската година во светот на фудбалот е секако борбата за најд…