31 декември ќе биде посебен ден во Мадрид. Оние најжешките сигурно знаат каде ќе бидат на овој ден, точно напладне.
Имено, Атлетико Мадрид токму тогаш ќе го претстави повратникот во тимот Диего Коста, но и Витоло.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овие двајца фудбалери ќе имаат право за настап за овој тим од првиот ден во новата година, а тоа е за помалку од една недела.
Според шпанските медиуми, влезот на „Ванда Метрополитано“ тој ден ќе се наплаќа по 10 евра од човек. Тоа се однесува на фановите кои немаат сезонски карти.
Да потсетиме, Диего Коста се врати во Атлетико во трансфер вреден од 66 милиони евра, но во меѓувреме само тренираше со „јорганџиите“ додека Витоло беше платен 36 милиони евра.