За прв пат во Англија летниот трансфер прозорец се затвора повеќе од 20 дена порано од вообичаениот 31-ви август.
Тоа беше решено уште минатата година со одлука на англиските клубови, па трансфер прозорецот се затвори денес во 18:00 часот по наше време.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, последниот ден помина разочарувачки без ниту еден голем трансфер. Двете големи прашања беа дали Мурињо ќе успее да го донесе посакуваниот дефанзивец и дали Тотенхем ќе го донесе првото засилуавање за следната сезона. Одговорите на двате прашање се негативни, па фановите сигурно останаа разочарани.
Најактивен во последниот ден од трансфер пазарот беше Евертон. „Карамелите“ донесоа три големи засилувања. Бразилецот Бернард кој доаѓа како слободен агент, дефанзивецот Јери Мина од Барселона за 32 милиони евра и Андре Гомеш на едногодишна позајмица исто така од Барселона.
Активен беше и Фулам кој го потврди трансферот на Личијано Вето од Атлетико Мадрид и Фосу-Менса од Манчестер Јунајтед.
?? | Bernard signs a four-year contract with the Blues!
Bem vinda, @b_10duarte!
? More: https://t.co/UMMPXU2WVu pic.twitter.com/MycJhWudiz
— Everton (@Everton) August 9, 2018
? DEAL DONE: André Gomes has joined Everton from Barcelona on a season-long loan. (Source: @FCBarcelona) pic.twitter.com/W5hT2bj4Pl
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) August 9, 2018