Дома Останати Кошарка НБА После Таунс „60-ка“ и на Ирвинг во НБА!

После Таунс „60-ка“ и на Ирвинг во НБА!

Во последните неколку вечери во НБА гледаме страшни поентерски настапи, последен во низата беше Кајри Ирвинг кој постигна 60 поени. Само една вечер претходно, Карл Ентони Таус исто така постигна „60-ка“, претходно имавме четворица кошаркари со плус 50 поени.

Ирвинг 60 поени постигна во победата над Орландо од 108:150. Покрај тоа за три поени шутираше 20-13 со 66.7% за шут, одличен беше и од линијата за слободни фрлања.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


За Ирвинг ова беше личен рекорд во кариерата, а истовремено стана и најдобриот стрелец во историјата на Бруклин кога станува збор за вкупниот број на кошеви. Со 52 поени на Дурент во претходниот натпревар станаа првите соиграчи кои на еден натпревар постигнале најмалку 50 поени на два натпревари по ред.

Покрај 60 поени Ирвинг додаде уште шест скока, четири украдени топки и четири асистенции. Дурент оваа вечер беше во втор план и постигна 19 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Индијана – Мемфис 102-135, Орландо – Бруклин 108:150, Мајами – Детроит 105:98, Њу Орлеанс – Фениск 115:131.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…