Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач три голем притисок во соблекувалната бидејќи голем број на ѕвезди, а пред сите Хамес Родригез јавно го крена гласот против начинот на кој го води тимот.
Баерн се наоѓа во мала криза, нема победа на три последователни натпревари, а германските медиуми пишуваат за незадоволството во соблекувалната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најпрво претседателот Ули Хенес јавно го критикуваше Нико Ковач, а сега „Билд“ ги откри и зборовите на Хамес Родригез.
Колумбиецот е разочаран што често останува на клупата за резерви, па во соблекувалната јасно го изразил своето незадоволство од тренерот со зборовите: „Ова не е Ајнтрахт Франкфурт“.
Незадоволството во тимот е проследено со лоши резултати на теренот, па очигледно Хрватот мора што поскоро да менува нешто, бидејќи медиумите тврдат дека му се заканува отказ.
Niko Kovač on rotation: "We've already done it successfully in the first games. We have to bring in fresh players. We have three injured players and a game every 3 days" pic.twitter.com/wXQ0RjcF7Z
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) October 5, 2018