На Гранит Џака му беше одземена капитенската лента во Арсенал поради непочитување кон навивачите и клубот за време на мечот против Кристал Палас.
Џака нема настап за клубот од тој инцидент, и не е дел од тимот кој ќе патува во Португалија за меч од Лига Европа, по што англиските медиуми шпекулираат дека тој веќе го одиграл последниот меч за клубот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тренерот Унаи Емери одби да одговори дали Џака ќе заигра повторно во дресот на „топчиите“, па додатно ги разгоре шпекулациите.
Англиските медиуми тврдат дека Швајцарецот ќе биде ставен на трансфер листа и многу веројатно ќе го напушти „Емирати“ уште во зимскиот преоден рок.