Дома Фудбал Лига на шампиони Порто ја освои Лига на шампиони за јуниори

Порто ја освои Лига на шампиони за јуниори

Јуниорите на Порто ја освоија Лига на шампиони за младинци, откако во финалето го совладаа Челси со 3:1.

Финалето се играше во Нион пред околу 4.000 гледачи, а Порто дојде до водство во 18. минута преку погодокот на Фереира.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Сепак, Челси успеа да изедначи во осмата минута од вториот дел, кога Редан ја затресе мрежата на Португалците.

Порто беше подобар противник и заслужено покасно стигна до два гола и до победа. Прво Квериос постигна погодок за 2:1 во 55 минута, а дваесетина минути подоцна Соуза ги постави конечните 3:1.

Порто претходната сезона во полуфиналето испадна од Челси, па сега им се реваншира на Англичаните и стигна до трофејот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Посакуваниот напаѓач потпиша за Јувентус

Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезен…