Поразот кој актуелниот шампион на Англија го доживеа во натпреварот против Манчестер Сити беше причинаа за англиските медиуми да состават тим од поранешните фудбалери на овој клуб.
После само седум кола во Премиер лигата, Челзи има заостанување од шест бодови зад водечките екипи на табелата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рано е за донесување на заклучоци, но многумина сметаат дека „сините“ оваа сезона нема да успеат да ја одбранат титулата, посебно ако се земе предвид дека тимот оваа сезона настапува и во Лигата на шампионите.
Фудбалските аналитичари во Англија како основен проблем го сметаат тоа што овој клуб не го одработи преодниот рок на најдобар начин, многумина сметаат дека некои од најдобрите фудбалери на противниците на Челзи денес можеа да бидат главни фудбалери на клубот од Лондон.
Па така на социјалната мрежа Инстаграм се појави симулација од ФИФА 18 во која силите ги одмерија сегашниот тим против тимот составен од поранешни играчи.
Челзи: Куртоа, Азпиликуета, Луиз, Кејхил, Мозес, Бакајоко, Канте, Азар, Фабрегас, Мората;
Екс Челзи: Чех, Аке, Тери, Фелипе Луиз, Квардадо, Бертранд, Ромеу, Матиќ, Де Брујн, Салах, Лукаку.