Познатиот уругвајски фудбалер Диего Форлан кој изгради одлична кариера низ годините на фудбалските терени, сега ќе игра професионално и тенис. Уругваецот е пријавен за настап на ИТФ турнирот во Лима.
Турнирот е закажан за средината на јуни и ќе трае од 15 до 22, а ќе се игра во клубот Терасас во Мирафлорес на земјена подлога.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
MT1000 е еден од 30-те турнири од ваков вид на ИТФ турнејата во светот, а Форлан ќе биде само еден од оние кои ќе учествуваат на 17-тото издание на турнирот наменет за играчи од 30 до 85 години.
Форлан е на 916. место на ИТФ рангирањето поединечно, додека во двојки е на 560. место. Диего спортската кариера ја направи во фудбалот, но од осум до 16 години беше член и на тенискиот клуб Караско во Монтевидео.
Љубовта кон тенисот никогаш не ја заборави, а го играше рекреативно и во текот на фудбалската кариера, па зборуваше за играњето против Руд ван Нистерлој во Манчестер Јунајтед.
Sono piuttosto scioccato dalle qualità tennistiche di Diego #Forlan ⚽️🎾
— Matteo Mosciatti (@matmosciatti11) January 9, 2024
🎥 Instagram Jorge De Paula#tennis pic.twitter.com/zhpLqMfkLh
„Ван Нистелрој ме предизвика да играме тенис, тој рекративно играше, но не знаеше дека не сум почетник. Атмосферата беше таква што менаџерот и директорите дојдоа да гледаат. Сер Алекс кажа дека знаел дека сум играл порано и дека ставил пари на мене. Јас го добив мечот, а Алекс ги освои и парите“, раскажа Форлан.
Во текот на својата кариера, 44-годишниот играч играше за Индепендиенте, Манчестер Јунајтед, Виљареал, Атлетико Мадрид, Интер, Интернасионал, Серезо Осака, Пенарол, Мумбаи и Кичи.
Неговиот придонес за репрезентацијата на Светското првенство во Јужна Африка најдобро се памети кога Уругвај стигна до полуфиналето, а Форлан беше најдобар играч на Мундијалот.