Дома Трансфер зона Поранешниот играч на Ајакс и ПСЖ му се врати на фудбалот: Никогаш не ни заминав

Поранешниот играч на Ајакс и ПСЖ му се врати на фудбалот: Никогаш не ни заминав

Уште еден од низата фудбалери кои после кратката пауза се одлучи да се врати на терен е поранешниот холандски репрезентативец, Грегори Ван Дер Вил.

Поранешниот член на Ајакс, ПСЖ, Каљари и Фенербахче е без клуб откако во март 2019 година го напушти тимот на Торонто од МЛС лигата.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Меѓутоа тој не можеше без фудбал, па на 32 години одлучи да се врати во дресот на Валквик.

„Никогаш не ја ни завршив кариерата. Уште сум заљубен во оваа игра и сакам секојдневно да бидам на теренот. Мотивацијата е огромна, важно ми е да играм фудбал и ќе видиме што ќе се случи“, изјави Ван Дер Вил.

Холандскиот фудбалер 46 пати го носеше дресот на државниот тим, а со Ајакс и ПСЖ освои дури 17 трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…