Поранешниот австриски фудбалер и репрезентативец Волкан Кахраман е убиен на улиците во Виена по расправија во кафе-бар, јавуваат австриските медиуми.
Според новинската агенција „АПА“, 43-годшниот Караман бил застрелан од 46-годишен човек напладне по кратка расправија, по што убиецот се самоубил.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Австриските медиуми шпекулираат дека причина за оваа трагедија е љубомората. Оттаму додаваат дека на местото на несреќата се собрале членови на семејството на двајцата починати и дека меѓу нив дошло до конфликт.
Кахраман играше за јуниорскиот тим на Австрија од Виена и важеше за најголем австриски талент. На 15 години се пресели во холандски Феенорд. Подоцна играше во Турција, а кариерата ја заврши во Австрија.
Тој одигра три натпревари за националниот тим во текот на есента 2002 година.