Професионалниот спорт често пати знае да биде суров, а тоа го почуствува и овој поранешен фудбалер на Барнли.
Кларк Карлај е поранешен дефанзивец од Премиер лигата и човек кој настапуваше за Барнли, Лидс и Квинс Парк Ренеџерс.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега тој открива дека се „борел“ со депресијата и имал голем проблем, а минатиот месец тој исчезна, полицијата отвори истрага по него, а го пронајде жив и здрав во Ливерпул.
После нешто повеќе од еден месец Кларк Карлај прв пат зборуваше во медиумите за овој негов период од животот.
„Бев на улиците на во Ливерпул обидувајќи се да пронајдам начин да умрам, Не сакав да потресам некој кој ќе се најде тука во таа ситуација. Барав начин за да не истрауматизирам никого. Мислам дека токму поради тоа останав жив. Имав многу можности да извршам самоубиство, но сфатив дека е најдобро тоа да го направ тивко во едно од напуштените складишта каде што моето тело никогаш не би било пронајдено“, изјави поранешниот фудбалер од Премиер лига.
Иначе, тој во 2014 година помина шест месеци во психијатриска болница откако го удри камин во обид да се самоубие.
Како епилог на сето тоа, Карлај основаше Фондација која им помога на луѓето со ментални проблеми, но и на оние кои имаат проблеми со дрогата и алкохолот.