Дома Фудбал Останато Пораката која Меси му ја испратил на Гвардиола кога Ибрахимовиќ потпишал

Пораката која Меси му ја испратил на Гвардиола кога Ибрахимовиќ потпишал

Во 2009 година се случи големиот трансфер на Златан Ибрахимовиќ од Интер во Барселона.

Ибрахимовиќ во тоа време беше веројатно најдобриот голгетер во Европа, а Барселона за него плати пари и плус го испрати Самуел Ето во Милано.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Швеѓанецот одлично започна во Барселона. Меѓутоа подоцна не се согласуваше со Пеп Гвардиола, Златан сакаше поинаков фудбал. Ибрахимовиќ затоа беше седнат на клупата и на негово место поголема шанса добиваше Бојан Кркиќ.

Се пишуваше и дека Лионел Меси не се согласувал со Ибрахимовиќ и затоа неизбежно било неговото заминување.

Сега медиумите објавија дека Аргентинецот стравувал дека нема да игра.

„Гледам дека повеќе нема да бидам толку важен за тимот“, наводно му пишал Меси на Пеп, тврдат Шпанците.

Ибрахимовиќ во Барселона постигна 21 гол на 45 натпревари за Каталонците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул спреми 70 милиони за Гринвуд

Мејсон Гринвуд, кој претходно беше дел од Манчестер Јунајтед, сега блеска во француската л…