Дома Македонски спорт Мак ракомет Пораз за ракометарките во првиот контролен натпревар против Турција

Пораз за ракометарките во првиот контролен натпревар против Турција

Македонската женска ракометна репрезентација во комбиниран тим загуби минимално од Турција (24:25) во првиот контролен натпревар во Анкара.

Нашите ракометарки беа подобриот тим на теренот во првиот половина час и на пауза заминаа со предност од два гола (11:13) , сепак во вториот дел не успеааа да го задржат водството. Секако дека оваа пресметка беше одлична можност за селекторот Савевски да види во каква форма се дел од ракометарките пред бараж двомечот со Украина.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Треба да се знае дека Македонија на овој собир е без капитенот Елена Ѓорѓиевски, Симона Маџовска, Моника Јанеска, Леонида Гичевска, Анастасија Николовска, Емилијана Ризоска…Вториот дуел со Турција го играме во сабота.

Ќе потсетиме, Македонија ја очекува бараж против Украина за СП 2023, тие натпревари ги играме на 8-ми и 11-ти април.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…