Mладиот норвешки фудбалер, Ерлинг Халанд вчера беше мета на играчите на ПСЖ кои го провоцираа откако ја елиминираа Борусија во Лигата на шампионите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Парижаните на „Паркот на принцовите“ со 2:0 ги поразија „Милионерите“ и се пласираа во четвртфиналето, а после натпреварот ја искористија приликата да го провоцираат 19 годишниот напаѓач.
На многумина им беше чудно зошто го прават, но сега е јасно. Норвежанецот еден ден пред натпреварот прв почна со провокациите. Откако стигна во Париз Халанд објави фотографија на која напиша: Ова е мој град, не ваш“.
