Дома Македонски спорт Мак ракомет Полувреме: Вардар на минус четири против Монпелје

Полувреме: Вардар на минус четири против Монпелје

Вардар денес го игра натпреварот против Монпелје во рамките од Лигата на шампионите.

Мечот за почна со минута молк во чест на Јулијана Николиќ поранешната репрезентативка и член на ЖРК Вардар.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Францускиот тим започна подобра отвори со 0:2, а дојде и до три разлика 5:8. Тогаш Веселин Вујовиќ повик тајм-аут, па Вардар почна да игра и подобро. На средина од полувремето Вардар дојде и до минус 7:8. Во последните осум минути од полувремето Вардар влезе со два негатива (9:11). Никако не успеваа момците на Вујовиќ да влезат во серија за прво водство.

Во 24. минута Монпелје повторно, вторпат во полувремето дојде до највисоките плус три (9:12).

Ја одржуваа гостите таа предност се до крајот од првиот дел. Борко се истакна одбранет пенал, па Вардар на две минути до крајот доби напад за да се врати на минус еден. За несреќа на црвено-црните Тото промаши зицер. На полувреме се замина и со 11-15.

Најефикасни кај Вардар беа Дибиров со три гола и Жереми Тото со два. Бос Жулиен кај Монпелје го заврши првиот дел со четири гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…