Дома Фудбал Англија Пол Сколс е пред ангажман – Легендата на Манчестер Јунајтед го превзема англискиот третолигаш?

Пол Сколс е пред ангажман – Легендата на Манчестер Јунајтед го превзема англискиот третолигаш?

Легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс наскоро би можел да стане тренер на членот во Лига 1, Олдам.

Сколс е роден во тој крај и како дете беше навивач на Олдам. Сега на управата на клубот им останува да одлучи дали да го постави на местото тренер. Сколс претходно кратко време работеше како тренер во Манчестер Јунајтед, но никогаш не беше менаџер, односно прв тренер на некоја екипа.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Работата менаџер на Олдам е празна од отказот на Џон Шеридан од 25. септември. Олдам во моментов е 19. на табелата во Лига 1 со само 10 бода од 11 натпревари.

Сегашен привремен менаџер е Ричи Веленс, кој исто така беше во Јунајтед како млад играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Претседателот на Шкендија: Вечерва да не дозволиме говор на омраза!

Претседателот на Шкендија, Лазим Дестани пред натпреварот на Шкендија вечерва испрати пора…