Maурисио Покетино со ПСЖ го освои трофејот во Лига 1 каде што сезонава моќниот тим на клубот од Париз немаше вистинска конкуренција.
Меѓутоа и покрај освојувањето на титулата шампион многу се пишува за можноста за смена на клупата на ПСЖ. Аргентинскиот стратег денес истакна дека и наредната сезона ќе ги предводи Парижаните.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Колкави се шансите да останам во ПСЖ наредната сезона? Во овој момент шансите се 100% да останам, така е и за Килијан Мбапе“, порача Мбапе.
Кога е Мбапе во прашање Французинот на големо се поврзуваше со Реал Мадрид, дури се пишуваше и дека има преддоговор, дали е навистина така ќе почекаме да видиме на крајот од сезоната.