Дома Фудбал Останато Покетино после првиот трофеј: Ова е само почеток!

Покетино после првиот трофеј: Ова е само почеток!

Маурисио Покетино на почетокот на оваа година и официјално беше назначен за нов тренер на ПСЖ, а после само три меча го освои првиот трофеј.

ПСЖ го освои францускиот Суперкуп, откако синоќа славеше против Олимпик Марсеј со 2-1.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Извојувавме многу важна победа. Трофејот е чест за клубот и навивачите. Тимот полека почнува да го прави она што го барам од него. Јас тренирам со ПСЖ скоро две недели, работиме многу. Ова е само почетокот“.

„Ние веруваме дека со текот на времето ќе можеме да ги зајакнеме нашите идеи и напредок. Сакам да се заблагодарам на управата на клубот, фудбалерите и мојот претходник, Томас Тухел, заедно со неговиот тренерски штаб. Благодарение на овие луѓе, имавме шанса да го освоиме Суперкупот“, изјави Покетино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал го плати 50 милиони евра, па го продава по една сезона

Реал Мадрид под новото водство на тренерот Чаби Алонсо отпочнува нова фаза. Тимот покажува…